Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познат составот на Рк Вардар, за мечот со Барселона
Познат составот на Рк Вардар, за мечот со Барселона

Познат составот на Рк Вардар, за мечот со Барселона

Објавени составите на двете екипи, кои ќе излезат на терен на денешниот натпревар. Дуелот помеѓу Барселона и Вардар е дерби на 7 коло во лигата на шампиони. Мечот започнува со почеток од 19:30 часот во добро познатата арена “Палау Блауграна“.

Без некои изненадувања, тренерот Гонзалес објави на кои играчи ќе смета за денешниот дуел. Во составот ќе го нема Ангелов, како и подолго повредените Стоилов и Деревен.

Рк Вардар: Штербик, Милиќ, Дибиров, Манасков, Тоскиќ, Марсениќ, Брумен, Шишкарев, Карачиќ, Циндриќ, Горбок, Лазаров, Лацковиќ, Абутовиќ, Душебаев и Македа.