За ова гостување кај Ѓер нашите девојки пристигнаа на само 24 часа пред дуелот. Избраничките на Индира Кастратовиќ веднаш одржаа тренинг во познатата сала „Ѓер арена“. Овој дуел е шанса за одмазда за домашниот пораз во првото коло од овогодинашната шампионска лига и истиот е закажан денес со почеток во 16:30 часот. Девојките се во одлична форма и имаат нанижано три победи поред во Л.Ш и покрај поразот во воведниот дел успеаа овој дуел да биде “меч за лидеското место“ во групата-А.