Во неделата експедицијата на црвено-црните куглари се упати од нашиот главен град Скопје за Болцано-Италија каде од денес почнува “Светскиот куп“ , собирот на најдобрите 14 екипи на планетава. Нашите момци во текот на вчерашниот ден пристигнаа во Италија , одкако се сместија почнаа со адаптација на новата средина пред почетокот на овој најтежок европски предизвик за нив.
Вардар на ова најсилно кугларско натпреварување “ Светскиот куп “ ќе ја преставуваат Република Македонија. Според планот за настапи денес веќе нашите момци ќе се појават на патеките. Тројца наши куглари ќе настапат денес, а пак другите тројца според програмата на ова натпреварување своите настапи ќе ги забележат за два дена , поточно во четврток. Предизвикот и шансата е голема, нема што да изгубиме , единствено може да изненадиме на овој собир на кугларскиот крем на едно место. Тренерот Драги Димитровски ќе одлучи со кои момци ќе настапи денес, а на кои тројца ќе им ја даде довербата да настапат во четврток.