Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Фросина Богданоска: “Јуниор лигата“ претставува поттик за искачување до врвот, мојата цел е да бидам успешна ракометарка
Фросина Богданоска: “Јуниор лигата“ претставува поттик за искачување до врвот, мојата цел е да бидам успешна ракометарка

Фросина Богданоска: “Јуниор лигата“ претставува поттик за искачување до врвот, мојата цел е да бидам успешна ракометарка

Дефинитивно најновиот проект на ракометниот клуб Вардар донесе новитети во Македонија за сите деца кои сакаат да се занимаваат со ракомет. Со “Јуниор лигата“ се зголеми интересот за играње ракомет, а токму ова натпреварување им ја исполнува желбата на сите да започнат да се занимаваат со овој спорт. Целта е да се обединат сите ракометни школи од цела Македонија во една лига, а најдобрите играчи да бидат дел од ракометниот клуб Вардар. Истите тие утре можат да бидат и предводници на репрезентацијата кои ќе придонесуваат за големи успеси на европските и светски првенства. Сите услови да бидат тоа што сега го сонуваат, го имаат токму преку Јуниор лигата, која е во целосна организација на најголемиот клуб во Македонија. Во следниов текст ве запознаваме со Фросина Богданоска која настапува за ракометната школа РК Филип-Вардар.

-Ракомет тренирам 2 години во клубот Филип Вардар-Прилеп кај тренерот Александар Таневски.Тренинзите за мене претставуваат поттик за искачување до врвот и мојата цел-еден ден да бидам успешна ракометарка. Сега со “Јуниор лигата“ се повеќе се мотивирам да работам со цел да придонесам поголеми успеси за мојот клуб. Гледајќи ја ракометарката Јованка Радичевиќ се повеќе се мотивирам и се надоградувам. Моето мислење за проектот Јуниор лига е дека со него се откриваат голем број млади и талентирани ракометари. Играв во тимот на Филип-Вардар на позицијата лево крило.

Богданоска со нејзината генерација играше на завршниот турнир во Јуниор лигата, освојувајќи го второто место.

-Јас и мојот тим првата сезона во лигата ја поминавме доста успешно, освојувајќи 2 место во генерацијата 2000/2001.Оваа година работиме понапорно и се надеваме на поголеми успеси и нови, знаења и техники. Учествувајќи во Ј“униор лигата“ ги споредував своите знаења со другите, а исто така имав и можност да присуствувам на тренинзите од РК-Вардар. Најголем впечаток за мене беше запознавањето со една исклучително добра и искусна ракометарка Адријана Будимир со која исто така одржавме неколку тренинзи. За мене беше огромно задоволство тоа што ги сподели своите искуства со нас.

Желба на секој играч во оваа лига е со напорна работа и труд еден ден да стигне до младинските екипи на ракометниот клуб Вардар.

-Во “Јуниор лигата“ функциониравме одлично како тим и тоа се докажа со големите резултати и успеси. Од новата сезона очекувам да се стекнам со повеќе знаења кои за мене би биле доста корисни и кои можам да ги докажам во текот на играта. Се надевам дека напорните тренинзи еден ден ќе допринесат да бидам избрана на селекцијата, изјави Фросина Богданоска за нашиот сајт.

Михајло Тушевски