Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Меч со Целје нагости следен предизвик за задржување на 100% ефект и врвот на табелата во Л.Ш

Меч со Целје нагости следен предизвик за задржување на 100% ефект и врвот на табелата во Л.Ш

Ракометниот клуб Вардар по две кола во ЕХФ Лигата на шампионите има 100% ефект , со кој го дели врвот на табелата со европскиот шампион екипата на Киелце. Само овие два тима од осумте во групата-Б имаат максимален успех по првите две воведни кола во европската елита. Следен трет предизвик што не очекува е гостувањето во Словенија кај шампионот на оваа балканска земја РК Целје Пивоварна Лашко.

Дуелот со словенците  закажан за на 9-ти октомври , недела со почеток во 18 часот и 30 минути. Сезонава се сретнавме со нив еднаш на гостински дуел во рамки на регионалната СЕХА-лига. На тој меч “експлодиравме“ со 40 постигнати гола,  Целје никогаш во својата богата историја не примил 40 погодоци на еден официјален меч на свој терен, без разлика дали се домашни или во европските натпреварувања. Овој подвиг успеа да го направи токму Вардар нанаесувајќи му еден од најтешките порази на Словенскиот шампион во својата арена. Тој дуел лесно го добивме,  но мечот во недела е посебна приказна бидејќи тоа е дуел од шампионската лига и е “голем залак“ за двата ракометни колектива. Словенците досега во Л.Ш покажаа одлични перформанси, во првото коло го совладаа дома ППД Загреб на Веселин Вујовиќ, а во второто гостуваа кај германскиот шампион Р.Некар, бундеслигашкиот владетел успеја да ги победи минимално со еден гол, во еден тежок меч победија германците со 31-30. Останува во недела да ја покажеме нашата разноликост, богатата колективна игра со која се красиме, ротацијата и да победиме трет пат во Л.Ш против некогашниот освојувач на пехарот во најквалитетното натпреварување на “Стариот континент“. По овој дуел на 12ти октомври играме дома СЕХА меч со Извиѓач, а потоа на ни следи четвртиот меч во Л.Ш дома со Пик Сегед.