Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ива Цветковска: Нашите квалитети и подготвеност дојдоа до израз во второто полувреме што резултираше со победа
Ива Цветковска: Нашите квалитети и подготвеност дојдоа до израз во второто полувреме што резултираше со победа

Ива Цветковска: Нашите квалитети и подготвеност дојдоа до израз во второто полувреме што резултираше со победа

Кадетките на Вардар СЦЈС изминатиов викенд одиграа натпревар во рамките на второто коло од лигата. Противник ни беше екипата на Пелистер. Овој меч се одигра во Битола и заврши со триумф на црвено-црните со резултат 21:34. Неизвесноста за победникот траеше само едно полувреме, кога на одмор се замина со нерешен резултат 13:13. На стартот на вториот дел, Вардарки успеваат со серија од неколку погодоци да се одлепат од противникот. Важна улога во овој триумф имаше Ива Цветковска која за нашиот сајт ги сподели впечатоците од победата.

-Со овој тим се сретнавме за прв пат така што не знаевме какви противници не чекаат, но се разбира бевме подготвени за секаков дуел. Почетокот ни беше релативно добар со постигнување брзи голови од контра напади. Големата разлика која успеавме да ја постигнеме беше причина за малку поопуштената игра што следуваше и тоа беше максимално искористено од страна на противникот што доведе до нерешен резултат на крајот од првото полувреме. Меѓутоа нашите квалитети и подготвеност дојдоа до израз во второто полувреме што резултираше со победа.

vardarfans-iva-cvetkovska

Ива Цветковска беше втор најдобар стрелец во победата против Пелистер, постигнувајќи вкупно 7 голови.

-Со самото тоа што постигнав значителен број на голови мислам дека дадов голем допринес за да го постигнеме овој резултат, но тука е и заслугата на целата екипа односно меѓусебната подршка и мотивација која си ја пружаме како на оваа така и на сите останати утакмици.

Оваа екипа има максимален број на освоени бодови по првите две одиграни кола.

-Мислам дека резултатот од првите два натпревари во оваа лига покажуваат дека сме перспективна екипа која со малку повеќе ангажман ќе ги оправда заложбите и очекувањата на тренерите како и на Вардар како клуб. Сезонава имаме јасно дефинирана цел, да стигнеме до финале и искрено се надеваме дека ќе успееме да си го обезбедиме првото место во оваа лига, изјави Ива Цветковска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски