Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар: Горди сме што три наши членови се дел од подготовките за СП-2019 во куглање
КК Вардар: Горди сме што три наши членови се дел од подготовките за СП-2019 во куглање

КК Вардар: Горди сме што три наши членови се дел од подготовките за СП-2019 во куглање

Македонската кугларската репрезентација по пауза од над  шест години повторно ќе биде дел од еден голем планетарен собир. Пред се благодарение на големите напори кои ги вложија новите раководни луѓе во федерацијата, Македонија успеа да пријави своја екипа на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во Чешка. Селекторот  на црвено-жолтите, хрватот Дамир Фучкар веќе ги објави повиканите. По тој повод од црвено-црниот клуб излегоа со следната информација:

КК Вардар 2014 со гордост објавува дека 3 негови членови се повикани од селекторот Дамир Фучкар и ќе бидат дел од припремите на македонската репрезентација за СП во Рокичани во мај 2019. Тоа се претседателот на КК Вардар 2014, Димитар Димитровски кој моментално е играч на КК Мертојак од Сплит, како и вардаровите куглари Дарко Димитровски и Коста Ристевски.