„Комити Запад” на својата Фејсбук страна го објавија следното:
ВАЖНО !!!
На натпреварот со Работнички каде формално сме гости, ќе бидеме лоцирани на Трибината СПРОТИ ЈУЖНА. Поради аверзија од фактот дека сме под окупација нема да споменеме која е трибината. Додека се градеше нашиот Запад цела сезона бевме на таа трибина, делот до Западната трибина.
Таа трибина од овој натпревар ја преименуваме во “Спроти Јужна” во нашата комуникација, и одлуката стапува на сила првиот натпревар кога Вардар ќе биде домаќин на нашиот Градски (ако се смилуваат душегрижниците некогаш да се вратиме во нашиот дом). Апелираме и ФК Работнички да се приклучи на иницијативата.
Воедно да ве информираме дека поради големиот интерес, во Четврток на собир пред натпреварот со Работнички на Фонтана од 13:00ч. ќе има дополнителна серија од новите маички по цена од 300 ден.
#НикогашСеверна #МнМ #ЦрвеноЦрнаАрмија