Дејан Милосављев повторно беше на своето ниво и еден од позаслужните што Вардар со предност од девет голови ќе го започне реваншот во Скопје. На првиот осминафинален дуел против Загреб, Милосављев имаше 14 успешни интервенции и висок процент на одбранети удари. Беше исто така прогласен за МВП на овој дуел, со оглед дека натпреварот во Загреб беше прогласен за меч на неделата во ЛШ.
ЕХФ го препозна неговиот огромен учинок и го смести во идеалниот тим, како најдобар голман. За да биде прогласен за играч на првите осминафинални дуели, можете да гласате за Милосављев на линкот, ТУКА.