Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прес-конференција на РК Вардар за реванш мечот со Загреб
Прес-конференција на РК Вардар за реванш мечот со Загреб

Прес-конференција на РК Вардар за реванш мечот со Загреб

По повод реванш осминафиналниот дуел од Лигата на Шампионите против екипата на ППД Загреб, од РК Вардар свикуваат прес-конференција која ќе се одржи во четврток со почеток од 12:00 часот.

На прес – конференцијата ќе бидата присутни тренерот Роберто Парондо и капитенот Стојанче Стоилов. Вардар е со една „нога“ во најдобрите осум екипи, откако успеа да се стекне со висока предност од девет голови на првиот меч одигран во Загреб. Реваншот е закажан за во сабота со почекот од 19:30 часот во С.Ц. Јане Сандански.