Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар денес ќе одигра новогодишен поединечен клубски турнир
Куглање: Вардар денес ќе одигра  новогодишен поединечен клубски турнир

Куглање: Вардар денес ќе одигра новогодишен поединечен клубски турнир

Денес во кугларницата “Мусандра” во Градскиот трговски центар во Скопје, Кугларскиот клуб Вардар ќе го одржи веќе традиционалниот новогодишен поединечен клубски турнир. На него ќе земат учество црвено-црните куглари. Истиот е со цел дружба и подобрување на хемијата на тимот, воедно и сумирање на впечатоците на свечената вечера потоа од изминатата сезона.

Годинава по настапот во Хрватска на меѓународна сцена, вардарци едноставно паузираат. Домашната лига е “замрзната“ поради промена на структурата во федерацијата. Дополнително за истата ситуација ќе пишуваме наскоро. На кугларскиот колектив му посакуваме успешна 2019 година на сите полиња, на домашен и на меѓународен план.