Екипата на РК Вардар пред продолжување на натпреварите во Лигата на Шампионите, од месец февруари следната година, се наоѓа на второто место во најсилната група А. Со оглед на бројните промени во составот пред почетокот на сезоната и тоа што се наоѓаме во групата на “смртта“ ова е добар пласман на црвено-црните после одиграни 10 натпревари. Останува да одиграме уште четири дуели, од кои два се на домашен и два на гостински терен. Уште од сега се поставува прашањето кој ќе биде противник на Вардар во осминафиналната рунда, секако доколку не успееме да го освоиме првото место во групата, каде моментално се наоѓа екипата на Барселона.
Шампионот на Шпанија игра одлично оваа сезона и по стартниот пораз од екипата на Рајн-Некар успеа да победи на следните девет натпревари и заслужено да се најде на првата позиција. Се поочигледно и реално е дека Барселона би го задржала првото место, секако со теоретски шанси и за другите екипи ( Вардар, Веспрем и Рајн-Некар) да го нападнат првото место. Барса ги очекува домашни мечеви против Кристијанштад и Рајн-Некар во кои не би требало да има проблеми да слави триумф, додека гостува кај Веспрем и тоа во следното коло и доколку го добие тој дуел можеме слободно Барселона да ја прогласиме за директен патник во 1/4 финалето од ЛШ, а треба да одигра и гостински меч против “слабиот„ оваа сезона, тимот на Монпелје.
Што се однесува до Вардар, што би се случило и кој можен противник би го добиле доколку го освоиме второто место во групата, што исто така ни дава поволна ждрепка за 1/8 финалето. Победникот од дуелот Силкеборг-Висла Плок би бил следен противник за избраниците на Парондо, со напомена доколку завршиме на втората позиција во својата група. Познато е дека во двете послаби групи првите две пласирани екипи играат меѓусебно, по што се одлучува кои две екипи ќе продолжат во осминафиналната рунда. Вардар досега нема одиграно меч против Силкеборг во ЛШ, додека имаме искуство од мечевите со Висла Плок, против која имаме одиграно шест натпревари во најголемото натпреварување.
Што ќе се случи пак ако завршиме како трети во групата, тогаш ќе добиеме противник во елиминациската рунда од другата најсилна група Б. Тоа ќе биде екипата која ќе успее да го освои шесттото место кое води понатаму. Во таа група работите се комплицирани, освен ПСЖ и Пик Сегед кои се сигурни на првите две позиции, од 3-6 место до последниот дуел ќе се води голема битка, за конечниот распоред на табелата. Така, Фленсбург кој е на 3.позиција има 10 бода, додека последнопласираниот Скјер е на само четири бода помалку од германскиот тим, па во оваа група се е можно. Истото важи доколку би завршиле на четвртото место во нашата група, тогаш за противник би го добиле петопласираниот од групата Б.
Има неколку варијанти за Вардар, но конечната ќе биде позната дуеи кога ќе се одиграат и последните четири кола во двете најсилни групи. Само да се вратат Борозан, Горбок и Фереира и да не служи добро здравје до крајот на сезоната, Вардар повторно ќе атакува на нов пласман на Ф4 во Келн и напад на големиот трофеј.