Во машката ракометна младинска лига како и во женската веќе на “сила“ е зимската пауза по одиграниот есенски дел. Црвено-црниот клуб оваа сезона има две младински екипи кои играат во две различни младински групи составени од по осум тима. Во продолжение ви ги носиме нивните постигнувања од есенскиот дел во сезоната 2018/2019 година.
Во групата-1 се натпреваруваат младинците на РК Вардар, станува всушност збор за кадетскиот тим на црвено-црните предводен од Будимир и Станковски кои се лидери во нивната категорија (види), а во младинската лига “збираат“ искуство. Па така во првите четири кола имаа минимални порази, некогаш и за заради една топка. Сепак од меч во меч созреваа во лигата каде се најмлади па во последните три кола победија на исто толку мечеви меѓу кој еден во гости кај Металург. Табелата и резултатите во продолжение:
Во групата-2 се натпреварува тимот Вардар Јуниор, ова се млади момци кои се борат на два фронта, во оваа лига и во Супер лигата. Дел од неуспесите во младинската лига се поради густиот распоред на двете натпреварувања. Момците на Петрушевски и Манасков по есенскиот дел се во топ-3 тимовите. Табелата и резултатите во продолжение: