За црвено-црните дами од ЖРК Вардар со мечот во средата во Чаир заврши есенската полуетапа во младинската лига. Избраничките на Симовски, Ристова и Царчев одигаа одлична есен, особено во последните три кола каде играа реми со конкурентот Куманово, а си пресврт го победија дома ривалот Металург, и триуфираа кај ЖРК Чаир.
Девојките кои оваа есен одиграа дури 23 официјални дуели од кој 14 во Супер лигата со серија повредени и со згуснат распоред успеаа да станат “Есенски шампиони“ во младинската конкуренција. Тие ќе “презимат“ како лидери со 25.бода пред тимовите на Куманово и Металург, главните конкуренти за “насловот“. Тимот фунционира беспрекорно во младинската лига, каде имаат гол позитива 171+ односно во просек постигнуваат 19 голови повеќе од противниците. Куманово и Металург имаат во посек 14гола повеќе од ривалите со кои играле, односно 5 помалку од црвено-црните “хероини“. Во продолжение табелата и резултатите од оваа есен.