За екипата на РК Вардар нема мир оваа сезона. После Горбок, Фереира и Борозан, во низата на оперирани играчи се придружи и Даинис Кристопанс. Летонецот во редовите на Вардар предвреме го напушти дуелот со екипата на Татран Прешов, но не беше во очекување дека се работи за нешто сериозно. Сепак Кристопанс се здобил со руптура на тестисите поради, што морало да биде направен хируршки зафат.
Тој го пропушта последниот меч за оваа година, гостување кај екипата на Стеауа во СЕХА-лигата.