После 12 одиграни кола во СЕХА-лигата, екипата на Вардар се наоѓа на првото место на табелата. Актуелниот освојувач на лигата има скор од десет победи и два порази, а последниот триумф беше во дуелот со екипата на Татран Прешов. До крајот на годината ни останува да го одиграме уште дуелот со екипата на Стеауа на гостински терен.
Двајца наши голмани се наоѓаат во ТОП-5 според процентот на одбранети удари. Дејан Милосављев се наоѓа на четвртото место со 32 % на одбранети топки кон неговиот гол. Популарниот “Банда“ бил во составот на црвено-црните на 10 натпревари, од кои на 9 меча го чувал голот на Вардар. Има забележано вкупно 90 одбрани од 278 упатени удари кон неговиот гол. Дури на шест натпревари стигнал до двоцифрен број на одбрани, а интересно најмногу интервенции имал на двата меча против екипата на Татран Прешов.
Првиот кој го одигравме во Словачка и кој го добивме минимално, Милосављев имал вкупно 14 одбрани, како и на дуелот одигран во средата во Скопје, на кој Вардар исто така славеше победа, а Милосавље повторно беше одличен и еден од најзаслужните за победата, со оглед дека за 60 минути на голот на Вардар имаше 13 успешни одбрани.
Интересно на 5.место или веднаш под Милосављев е младиот 17.годишен Марко Кизиќ кој има 31 % на одбранети удари кон неговиот гол, или тоа се 20 интервенции од 64 удари кога тој бил на голот. Кизиќ имаше одличен меч во дербито против Металург, кој тимот на Вардар го доби минимално, токму благодарение на 14. одбрани на Марко Кизиќ. Останатите 6 одбрани се на дуелите против Извиѓач и Брест Мешков, дуели на кои доби одредена минутажа, и имаше 4 односно 2 одбрани зад неговото име.
Тука е и Калифа Гедбан кој има вкупно кој има вкупно 19 одбрани од 88 удари кон неговиот гол, или тоа се 22 % на успешни одбрани. Вардар има одлични голмани оваа сезона и нема натпревар во СЕХА или Лигата на Шампионите, нашиот голмански тандем да не направи двоцифрен број на одбранети удари, со кои имаат голем удел во добрите резултати на екипата.