Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Вардар во недела домаќини на РК Ангели
Пионерите на Вардар во недела домаќини на РК Ангели

Пионерите на Вардар во недела домаќини на РК Ангели

Пионерите на ракометниот клуб Вардар во недела, 16.декември ќе го одиграат последното коло во 2018 година. Тие во големата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје се домаќини на тимот на РК Ангели Вардар.

Дуелот момците на Зоран Петковски-Зенга ќе го одиграат со почеток во 15-00 часот. Ракометната правда на оваа последна есенска средба ќе ја делат Огњановски Марко и Савиќ Дамјан. По ова средба пионерскиот состав на црвено-црните ќе замине на зимска пауза.