Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Есенска “круна„ за пионерите на ФК Вардар, Азер Омерагиќ е најдобар стрелец
Есенска “круна„ за пионерите на ФК Вардар, Азер Омерагиќ е најдобар стрелец

Есенска “круна„ за пионерите на ФК Вардар, Азер Омерагиќ е најдобар стрелец

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар, генерацијата родени “2002„ година се есенски шампиони во рамките на пионерската Супер лига. Оваа генерација која минатата сезона на доминантен начин успеа да ја освои шампионската титула во својата дебитантска сезона во првенството, има добри шанси за одбрана на трофејот и во оваа натпреварувачка сезона. Екипата која ја предводи Игор Кралевски заврши на првото место после 14 одиграни кола, со кои се означи крајот на есенскиот дел. Црвено-црните остварија 8 победи, 4 нерешени резултати и 2 порази, или вкупно 28 бодови доволни за врвот на табелата. Можеби треба да жалиме што на крајот од есенскиот дел немавме поголема бодовна предност пред останитите конкуренти.

138

Загубивме непланирани бодови во дуелите со последнопласираниот тим на табелата, тимот на Македонија Ѓ.П, кој освои четири од можните шест бода во дуелите со Вардар, а како “кикс„ на вардарци можеме да го сметаме и домашниот меч против екипата на Њу Старс играјќи само со нерешен резултат. Сепак оваа екипа имаше и големи победи и тоа две на дуелите со Работнички кој е наш голем конкурент за трофејот, како позитивниот биланс во мечевите со Академија Пандев. Големи три бода освоивме исто така од гостувањата кај Шкупи и Победа, терени на кои исто така тешко е да се освои целиот “плен„. Во глобала добра полусезона за пионерите, кои во пролетниот дел ќе ја продолжат битката за одбрана на титулата. Успеавме да постигнеме 31 гол, додека примивме 15 погодоци во нашата мрежа.

222

Ова се сите постигнати резултати за пионерите во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Македонија Ѓ.П - Вардар 1:1

2 коло: Вардар – Шкендија 3:1

3 коло: Ренова – Вардар 0:0

4 коло: Работнички - Вардар 1:3

5 коло: Вардар – Акад. Пандев 1:0

6 коло: Шкупи - Вардар 1:3

7 коло: Вардар – Брегалница 3:2

8 коло: Победа – Вардар 0:1

9 коло: Вардар – Њу Старс 1:1

10 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 4:5

11 коло: Шкендија – Вардар 2:0

12 коло: Вардар – Ренова 7:1

13 коло: Вардар – Работнички 3:1

14 коло: Акад.Пандев – Вардар 1:1

Во купот несреќно бевме елиминирани уште во осминафиналето од екипата на Работнички. Иако имавме шанси во регуларниот дел да го решиме победникот среќата не не посака, па патникот во следната рунда беше решен по изведувањето на удари од белата точка. Во пенал серијата подобар беше градскиот ривал, кој славеше со резултат 6:7.

Листата на најдобри стрелци кај оваа генерација ја предводи кој успеа да постигне најмногу голови во есенскиот дел е Азер Омерагиќ, вкупно 11 голови зад негово име. Ова се играчите кои се запишуваа во листата на стрелци кај пионерите:

1611

1. Азер Омерагиќ 11

2. Мартин Радуловиќ-Величковиќ 5

3. Леонид Игнатов 3

4. Харбин Речица, Туша Ветон и Атом Фазлиу по 2 гола

5. Далибор Костовски, Абдула Хасани, Мујас Демири, Виктор Крстевски, Филип Андоновски и Александар Ѓурковски по 1 гол.

Вардар има два бода предност пред екипите на А.Пандев и Работнички и пет повеќе од тимовите на Шкупи и Шкендија, што значи интересна полусезона и во пролетниот дел. Избраниците на Кралевски имаат можност за покомотна предност на табелата во првите три кола од месец март наредната година, кога на домашен терен ќе играме против екипите на Шкупи и Победа и ќе гостуваме на Брегалница.