Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор без бодови од последното гостување во 2018, поразени сме од Пелистер
Вардар Јуниор без бодови од последното гостување во 2018, поразени сме од Пелистер

Вардар Јуниор без бодови од последното гостување во 2018, поразени сме од Пелистер

Младиот тим на Вардар Јуниор натпреварувачката 2018 ја “затвори“ со гостински пораз. Ние вчера гостувавме во Битола кај екипата на РК Пелистер. Домаќинот дојде до релативно лесна победа со 41-27 на суперлигашката средба од 14.коло.

Тргнавме крајно лошо, со негатива од 6-0 на почетокот што всушност и го предодреди натпреварот во продолжение. Ние во 6.минута преку Цветановски Никола намаливме на 6-1, од тогаш се играше гол за гол. Двата тима постигнаа шест гола за предност на домаќинот од 13-7.  Не успеавме до крајот на првиот дел да продолжиме да парираме на повозрасниот и поискусниот домашен тим па тие ја зголемија предноста и на одмор отидоа со осум гола позитива. На семафорот во салата “Боро Чурлевски“ стоеше резултатот 18-10 за време на одморот.

Домаќинот го отвори вториот дел со гол, ние преку Атанасовски Стефан вративме за почетни 19-11 по една минута ракомет во Битола. Немавме сила да парираме на зелено-белите во вторите 30.минути, тие постојано ја зголемуваа предноста се до најголемата на оваа средба од 15 гола на нецели две минути до крајот кога поведоа со 41-26. Ние преку стрелецот на првиот гол Цветановски успеавме да намалиме и бевме поразени со гол помалку, односно 41-27.

На оваа средба кај нас Димов постигна 11 гола, десет погодоци беа дело на Крстевски, Атанасовски погоди прецизно четири пати, а Цветановски умешно поентираше во три наврати.