Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Комбат 87 верна сенка на КК Вардар

Комбат 87 верна сенка на КК Вардар

combat 4

Комбат е верна сенка на тимот КК Вардар и ги следи секогаш и во прва и сега во трета лига, еве неколку основни податоци за групата. Истата  е формирана 1997 година на северната трибина на градски стадион со една Цел : Вардар 100% чиста Вардарова група. Слоганот на групата беше The Pride of Skopje кое набргу поради ставот да не се фокусираат на локал патриотско ниво бил  променет. На организационо ниво се делувало со членски книшки и со самофинансирање.

combat2
Набргу следува состанок со Комити и голем дел од различностите се средуваат но групата делува независно.Како што велат за себе нивната група била составена од претежно андерграунд момци. Момците од Комбат велат дека во тој историски период од нивниото постоње се бодри КК Вардар за разлика од другите Комити а воедно не се дава поддршка на Кометал и се влегува во конфликт со оние кои подоцна и формираат здружение каде го бодрат овој зелено-бел клуб.Никогаш групата не го прифати зелено-белиот транспарент Комити. Комбат 87 велат дека се горди затоа што никогаш не давале и не дава поддршка за другите клубови за разлика од некои други. Групата функционира од 1997 до војната 2001 каде се вклучуваме во одбрана на татковината.

combat3

По иницијатива на неколкумина групата се реоформува и стартува со десетина члена и голема желба. Мисијата за КК Вардар да има навивачка група е остварлива и  полека но сигурно планот за Вардар 100% заживува, иако КК Вардар е во третата лига функционираат одлично. Моментално групата прави напори да го зголеми членството и да даде максимална поддршка и на ЖРК и ОК Вардар .

 

 

Leave a Reply