Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Елвир Рамиќ за Вардарфанс:Задоволни сме како го одигравме натпреварот.
Елвир Рамиќ за Вардарфанс:Задоволни сме како го одигравме натпреварот.

Елвир Рамиќ за Вардарфанс:Задоволни сме како го одигравме натпреварот.

Екипата на Фк Вардар У 16 продолжува со победничката серија и после ова коло.Нивна најнова жртва беше екипата на Ренова,против која забележаа убедлива победа од 7:1 на домашен терен.Доминација во текот на целиот меч и сосема заслужена победа,вкупно трета за оваа генерација во првенството.Дури седум различни играчи се запишаа во листата на стрелци:Марко Ѓоргиевски,Виктор Ивановски,Кренарт Дардиша,Христијан Петковски,Ерблин Даци,Кристијан Ристовски и Александар Георгиевски.

-Добро го отворивме натпреварот во кој поведовме со 1:0 со голот на Кренарт Дардиша.Потоа примивме гол,кој претходеше на недоразбирање меѓу мене и везниот играч,Виктор Пешевски.Во продолжение на мечот не крена мотивацијата на тренерот и почнавме да постигнуваме голови и да ја полниме мрежата на противникот.Задоволен сум од сите играчи како го изиграа овој натпревар,изјави Елвир Рамиќ за Вардарфанс.мк.

12.10.2014

Звонко Ивановски

Leave a Reply