Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Машкиот и женскиот тим Вардар во сабота ќе одиграат дуели од 2.коло во лигата
Кошарка! Машкиот и женскиот тим Вардар во сабота ќе одиграат дуели од 2.коло во лигата

Кошарка! Машкиот и женскиот тим Вардар во сабота ќе одиграат дуели од 2.коло во лигата

Викендов, поточно на 28-ми октомври (сабота) машкиот и женскиот кошаркарски клуб Вардар го очекуваат натпревари од второто коло во првенствата во кои се натпреваруваат. Момците оваа сезона играат во втората по квалитет кошаркарска конкуренција откако лани го загубија прволигашкиот статус, а девојките играат во првата и единствен кошаркарска лига во земјава.

Девојките гостуваат кај екипата на ЖКК Пелистер во градот Битола, дуелот во сабота ќе го играат според информацијата на веб-страницата на Македонската кошаркарска федерација во 12-00 часот. Во првото коло требаше да бидеме домаќини на екипата на ЖКК Шкупи од скопски Чаир сепак тој дуел е одложен и ќе добие нов термин. Момците во 1.коло стартуваа со огромна победа во Струга кај тимот на КК Црн Дрим со резултат 118-59. Во второто коло се домаќини на екипата од Скопје, КК Водњански Лисици.