Thursday ,17 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кокшаров и Дејвис денес дебитираат на клупата на Русија, во дуел против Словачка, во составот се уште и Дибиров и Шишкарев
Кокшаров и Дејвис денес дебитираат на клупата на Русија, во дуел против Словачка, во составот се уште и Дибиров и Шишкарев

Кокшаров и Дејвис денес дебитираат на клупата на Русија, во дуел против Словачка, во составот се уште и Дибиров и Шишкарев

Спортскиот директор на РК Вардар, Едуард Кокшаров и помошникот на Раул Гонзалес, шпанецот Дејвис Камра денес ќе го имаат своето деби на клупата на машката руска репрезентација, на првиот официјален натпревар за нив како предводници на Русија. Инаку Давид Дејвис не беше на клупата на Вардар, на последните два натпревари на нашииот шампион во СЕХА-лигата, против екипите на ППД Загреб и Целје, на кои Вардар славеше.

Русија денес со почеток од 18:30 часот ќе го одигра првиот натпревар во рамките на квалификациите за бараж за светското првенство во 2019 година. Противник ќе им биде селекцијата на Словачка, а во групата 1 покрај нив се наоѓаат уште и селекциите на Финска и Луксембург. Во составот на тренерскиот тандем, Кокшаров и Дејвис за денешниот дуел со Словаците се наоѓаат и крилата на Вардар, Тимур Дибиров и Данил Шишкарев. Во стручниот штаб на Русија се наоѓа и кондициониот тренер на РК Вардар, се работи за Даниел Јуришиќ. Русија е голем фаворит во оваа квалификациска група, а во сабота избраниците на Кокшаров ќе гостуваат на репрезентацијата на Финска. Овој натпревар ќе започне од 16:00 часот.