Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардарки во сабота со почеток од 14-30ч. го играат 1/2фин. од Купот против Пелистер
Кошарка: Вардарки во сабота со почеток од 14-30ч. го играат 1/2фин. од Купот против Пелистер

Кошарка: Вардарки во сабота со почеток од 14-30ч. го играат 1/2фин. од Купот против Пелистер

Нашата национална селекција во женска сениорска конкуренција вечерва во  салата “Пала Равица“ во Павија  со почеток во 18часот и 30минути ќе го одигра вториот натпревар во евроквалификацискиот циклус, во рамки на вториот прозорец против Италија. По овој дуел  на црвено-жолтата селекција во која има и три вардарки следен предизвик во женската кошарка е националниот Куп овој викенд.

Финалниот турнир од Купот на Република Македонија  оваа година ќе се игра во Кавадарци во салата “Јасмин“. Минатата календарска година, два клуба испишаа клупска историја, а на листата на трофејни клубови во републиката беа додадени уште две имиња – во машката конкуренција славеше Карпош Соколи додека во женската славеа кошаркарките на Вардар кои спектакуларно ставија крај на доминацијата на Бадел 1862 во ова натпреварување. Годинава нашите девојки ќе ја бранат титулата, ова е распоредот за полуфиналните пресметки во сабота.

-17  февруари, 2018 година (САБОТА)

12:00 Бадел 1862 – Струга 2009 (натпревар 1)
14:30 Вардар – Пелистер (натпревар 2)