Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар испушти победа, Шкендија израмни во 85. минута за 1:1 во Тетово
Вардар испушти победа, Шкендија израмни во 85. минута за 1:1 во Тетово

Вардар испушти победа, Шкендија израмни во 85. минута за 1:1 во Тетово

Тимот на Вардар не успеа да слави победа во Тетово иако беше многу блиску, во 85. минута за жал нашиот тим прими погодок, па со резултат 1:1 (0:0) заврши денешниот дуел. Голот за Вардар го постигна Грнчаров во 78. минута. Вардар може и да жали што не ги зеде сосебе трите бода.

Иако имаше еден тон на шанси, Шкендија и Вардар по првиот дел одиграа 0:0, односно мрежите мируваа. Во првиот дел Вардар се обидуваше да стигне до гол преку контранапади, додека пак Шкендија воглавно се закануваше преку десната страна каде беше Ибраими. Вардар во првиот дел створи три шанси, од која една беше 100%, онаа во 22. минута кога Барсегјан одлично го пронајде Попзлатанов кој беше сам на 5-6 метри,  биеше но Захов му го одбрани шутот и пропадна оваа шанса. Се закани и Фелипе со два удари од далечина но беа непрецизни. Шкендија најголемата шанса ја имаше во 41. минута, Ибраими одлично продре по страна, му асистираше на Хасани кој од само неколку метри не успеа да постигне гол и топката отиде високо над голот на Гачевски.

Во вториот дел прв се закани Вардар и тоа со огромна шанса за гол, Попзлатанов го проигра Барсегјан кој излезе сам пред Захов, но голманот на Шкендија одбрани и топката отиде во корнер за Вардар. Браво за Гачевски! Во 64. минута Радески излезе сам пред голот на Вардар, но неговиот обид феноменално го одбрани нашиот голман и спаси чист гол. Во 69. кај Вардар во игра влезе Битанг на местото на Блажевски. Во 72. минута во игра влезе и Тодоровски на местото на Глишиќ кај нашиот тим. Гоооол, во 78.минута Вардар дојде до 0:1, нафрли Фелипе од корнер на првиот дирек Новак со глава го проигра Грнчаров кој со глава погоди во голот на противникот за голема радост. За жал во 85. минута Ибраими му донесе гол на својот тим. Со резултат 1:1 заврши овој дуел.