Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Има уште за играње до крајот
Јаневски: Има уште за играње до крајот

Јаневски: Има уште за играње до крајот

По денешниот дуел во Тетово, тренерот на ФК Вардар, Чедомир Јаневски даде мислење околу тоа како се одвиваше целиот меч и оцена за играта на својот тим.

„Двата тима денеска имаа свои моменти, имаа свои шанси, но ние ако бевме по присебни можевме да победиме. Имавме шанса за 2-0 за да го затвориме мечот, но.. Денеска одигравме интересен меч, вистинско дерби, на кое можвме и да загубиме” .

“За жал остануваме на осум бода заостаток, иако имавме желба да се приближиме, имавме и шанса за такво нешто. Не е лесно да се игра во Тетово. Има уште за играње до крајот“, изјави Чедомир Јаневски по натпреварот.