Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Шампионски крик на Завировски
Шампионски крик на Завировски

Шампионски крик на Завировски

 Уште еден одличен настап на нашиот атлетичар Петре Завировски. Во чест на еден од нашите најистакнати спортски работници покојниот Методи Веновски Мето во парк шумата Гази Баба се оддржа меморијален крос во должина од 4км.

Право на настап има по 25 професионални атлетичари во машка и женска конкуренција. Завировски покажа одлични перформанси и е на добар пат кон повторно искачување на тронот. Патеката долга 4км ја мина за 14 минути и 15 секунди што претставува одлично време на оваа патека. Да потсетиме следен настап на Завировски ќе биде на 4.aприл во Градскиот парк во Скопје каде што ќе се оддржи националното првенство на Македонија во полумаратон 21.097км

Тони Насковски кој своевремено беше светски шампион во професионален бокс изминатиот период работи со Завировски и буквално ја препороди неговата кариера.