Денес, вардарци ја играат четвр-финалната група во Купот на Македонија. Вардар е домаќин на групата, во која се уште и екипите на Тиквеш, Радовиш и Астраион.
Најпрво со почеток од 11:00 часот ќе се одигра натпреварот на Вардар и Тиквеш, додека од 13:00 ќе стартува дуелот на Астраион и Радовиш.
Победниците од двата натпревари, ќе играат во финалето на групата, кое ќе стартува исто така денес од 17:00 часот.
Вардар не би требало да има никакви проблеми околу заверка на пласманот на завршниот турнир во Купот на Република Македонија.