Се одигра и 3.коло во машката ракометна супер лига. Дербито се одигра во С.Ц. Јане Сандански каде Вардар убедливо го победи тимот на Еурофарм Пелистер. Иако се очекуваше посилен отпор на противникот, кој важи за наш најголем конкурент за титулата, сепак вардарци се покажаа како пресилни за битолскиот тим.
На останатите натпревари, Бутел, потешко од очекувањата го победи тимот на Струга, додека второто дерби на колото заврши во корист на Охрид, до прв триумф во плеј-офот стигна и екипата на Металург под водство на новиот тренер.
Комплетни резултати од 3.коло:
Бутел – Струга 22:21
Металург – Еурофарм Работник 36:23
Тинекс Пролет – Охрид 26:28
Вардар – Еурофарм Пелистер 35:27