Викендов во одбојката на програмата беа финалињата во машка и женска конкуренција во Купот на Република Македонија. Одбојкарките на ОК Јанта Волеј Кисела Вода го освоија Купот, совладувајќи ги црвено-црните дами во големото финале.
.
Во финалето во женска конкуренција одиграно во салата „Парк“ во Струмица екипата од скопската населба Кисела Вода го совладаа скопскиот ривал Вардар со 3:1 во сетови. Триумфот го најавија во првиот сет кој го добија со 25-18, во вториот бевме близу (беше 24-23) но сепак ривалот го доби истиот со освојување на 25-тиот поен. Вардарки ја вратија неизвесноста освојувајќи го третиот сет со 25-23, а по голема борба во четвртиот одбојкарките на Јанта Волеј го добија на разлика со 26-24 за конечни 3:1 во сетови.