Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар денес на „мегдан“ со КК Империал Тобако ТКС

Куглање: Вардар денес на „мегдан“ со КК Империал Тобако ТКС

По две кола во Македонската кугларска лига (МКЛ),  црвено-црните куглари имаат максимални четири бода. Тие забележаа победи во мечевите со ЖКК Пелистер и тимот на КК ГТЦ Мусандра. Овој викенд на програмата е 3.коло од оваа конкуренција.

Вардар ќе гостува на екипата на КК Империал Тобако ТКС, мечот се игра денес сабота (28.септември) со почеток во 17-00 часот. Ривалот ќе не пречека во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје.  Нашиот денешен противник лошо го почна првенството, па по две кола е на делбата на последната позиција без впишани бодови зад своето име.