Во недела, акттуелниот Шампион на Европа го очекува натпревар од 3.коло во најсилната група Б на ЛШ. Црвено-црните гостуваат во Украина, на екипата на Мотор Запорожје. Со истиов противник веќе одигравме еден дуел оваа сезона, но во рамките на СЕХА-лигата, кога Мотор славеше победа. На тој дуел не бевме комплетни, па сега очекуваме еден поинаков меч од споменатиот и секако триумф на Вардар за продолжување на победничката серија во ЛШ. Тренерот Писонеро, истакна дека овој дуел ќе биде различен и дека неговиот тим се наоѓа во подобра форма.
-Секако дека натпреварот ќе биде различен. Тој на почетокот на септември беше веднаш по настапот на Супер Глоуб, а сега веќе зад себе имаме повеќе дуели, формата се подобрува. Мотор покажа дека е добар тим и сигурно повторно ќе ни биде тешко да играме. Но, сега има разлика, ова е средба од лигата на шампионите, ние сме целосно фокусирани на натпреварите и така и ќе настапиме и сега, истакна Писонеро.
Свое видување за овој дуел даде и Сегеј Горбок, кој истакна дека Мотор Запорожје знае на домашен терен да биде незгоден противник, но дека Вардар оди на победа.
-Веќе игравме со Мотор, само што сега ќе биде поинаку. Ќе бидеме комплетни и плус имаме зад себе повеќе натпревари. Се покажа дека Мотор може да биде незгоден, а ние видовме каде треба да се подобриме. Секако дека одиме на победа и освојување бодови.
Натпреварот во недела ќе стартува од 17:00 часот со директен пренос на МРТ.