Качевски Јован од Струга е делегиран да го суди дерби натпреварот во недела, на кој се среќаваат лидерот на табелата, тимот на Вардар и второпласираниот тим на Академија Пандев.
На Качевски ќе му помагаат Грданоски Симон и Бакрачески Разме исто така од Струга, додека пак четврти судија ќе биде Шаќири Албрим исто така од овој град. Очекуваме фер и коректно судење на дерби натпреварот.
Инаку, дуелот се игра в недела на Градски, со почеток од 15.00 часот.