Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Миновска Сара: Капитенската улога во Италија ми донесе искуство кое го преточив во црвено-црниот дрес
Миновска Сара: Капитенската улога во Италија ми донесе искуство кое го преточив во  црвено-црниот дрес

Миновска Сара: Капитенската улога во Италија ми донесе искуство кое го преточив во црвено-црниот дрес

Сезоната за ЖРК Вардар започна успешно, Ристова дебитираше со два триумфа. Една од девојките која посебно се истакнува во воведните кола е дефинитивно, крилото Сара Миновска. Таа добива поголема слобода за игра, постигна 12 гола или во просек шест по меч. Прв стрелец од игра на овој тим, доминира во контрите, ја користи интелигенцијата  која несомнено ја поседува за да го уништи противникот. Буквално може да кажеме дека оваа девојка игра на друг левел оваа сезона. Грациозно движење, промена на правецот поради ниското тежиште, вешти завршници се нешто што таа ги прикажа. Оваа млада вардарка, и капитенка на Македонската кадетска селекција, успеа да покаже дека може да игра тотален ракомет, во два правци на високо ниво на константно ниво на воведните дуели. Миновска е девојка на која дефинитивно треба да сметаат во иднина и Вардар и повозрасните црвено-жолти државни селекции.

*Колку е задоволна што Вардар отвори со две победи, со максимални шест бода, ние ја делиме лидерската позиција на табелата ќе се запознаме на почетокот.

q4

-Сезоната ја отворивме доминантно, одлично почнавме, одбраната  ни беше на ниво, максимално мотивирани и креативно сме во нападот. Нормално е понекогаш и со потешкотии да се дојде до победа, искрено сите екипи се подобрени , сите сме поискусни, посериозни и многу поодговорни. Задоволна сум од влезот во есенскиот дел на тимот.  Сепак како и секогаш можни се “изненадувачки моменти”,  што мислам нема да   претставуваат голем проблем, бидејќи  сите ја знаеме основната карактеристика на Вардарци -никогаш не се откажуваат, важен е крајниот исход.

*Повеќе од очигледен е нејзинот „квантен скок“ од крајот на изминатата сезона до почетокот на оваа. Имаше скромна минутажа и помалку улога. По настапот на кадетскиот ЕХФ Шампионат каде ја носеше капитенската лента и освои МВП-признание, многу се смени во играта на Миновска. Сега има огромна самодоверба, „танцува по теренот“, против Деспина постигна осум гола, од кои барем половината атрактивни. Многу се движи и покажува лидерски партии. 

 -Позади секој постигнат резултат мора секогаш да стои максимална посветеност, пожртвуваност, многу труд и работа, силна желба и мотивираност без простор за откажување, само смело до целта и дефинитивно – самодоверба. Италија ми донесе едно големо искуство, навистина големо. Да носиш една толку важна улога е навистина голема одговорност, тоа по себе носи многу вредности. Измешани чуства во ист момент, чуствував голема возбуда, силни емоции на страв и тогаш поминуваш во фаза на мотивираност од желба за успех, зошто имаш долг кон себе, кон клубот , кон боите на дресот. Кога сето ова ќе го поминеш доаѓа и самодовербата, за мене лично многу важен фактор до патот на успехот.

q2

*Тимот повторно за прв тренер ја има Ристова, очигледно е дека Миновска игра препородено. Кај нејзинот повеќегодишен ментор таа по две кола блесна, прв стрелец е во црвено-црните редови од игра со 12.гола. На листата на стрелци е на местото број два. Што носи соработката со Ристова за неа и тимот дознаваме во продолжение: 

-Дефинитивно овој тим има хемија, мора да има и има голема поврзаност. Драгана има посебно место за секоја од нас, ние сме нејзиниот плод. Многу е важна поврзаноста и меѓусебното разбирање што таа го има поставено со нас- точно знае кој кога може и што не може, како тоа да го поправи за сето тоа да доведе до успех. Одличен тактичар, одбрана-напад, голем мотиватор и најголем пријател. Високиот степен на толеранција, кредибилитет на давање доверба, шанси и мотивација, ја добиваме подеднакво сите од нејзина страна. Тоа за нас значи поголеми шанси за успех и поголема самодоверба. Тоа е таа хемија, резултатот е очигледен. Нашиот клуч за успех се должи на обострана возвратена доверба, одлична тактика и силна мотивирана желба за успех.

q3

*Пред нас е голем дел од сезоната, во истата не очекуваат мечеви на три фронта, сениорската лига и Куп и младинската конкуренција. Што може да очекуваме во продолжение на истата ни открива крилото на црвено-црниот тим.

-Ние имаме   една цел, да ја продолжуваме победничката низа. Доволно сме одговорни за товарот и притисокот па затоа максимално се трудиме на секој тренинг да совладаме се и тоа да го искористиме на натпреварите. Нашите тренери безрезервно вложуваат во секој од нас и имаат големи очекувања, а ние мораме сета таа доверба да ја оправдаме. Дел од нашиот стручен штаб е и Бибе која покрај подготвителниот дел, одлично делува на нас со нејзината амбициозност што секој тренинг ја впива во секоја од нас. И секако Цаки, менторот за голмани, целосно и професионално посветен . Заедно со главниот  “капетанот” Ристова верувам дека ќе испловиме до врвот, а секоја од нас ќе доминира во право светло- вели Миновска за Вардарфанс.

Михајло Тушевски