Генерацијата 2006 на ФК Вардар стигнаа до вториот триумф сезона во рамките на регионалната-скопска лига. Денес во Ѓорче избраниците на Филип Спасески убедливо ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П, со резултат 0:9.
Уште по првото полувреме ги решивме дилемите околу победникот, кога имавме високо водство од 0:4. Крајниот резултат говори за доминацијата на нашите млади надежи, кои го надиграа домашниот тим.
Алтин Алији беше играчот кој успеа да постигне хет-трик, додека Нуман Ајетовиќ постигна два гола. Во листата на стрелци со по еден гол се запишаа уште и Марко Николовски, Алтин Нурединовски, Антони Динов и Ангел Настевски.
Вардар: Данстак, Николов, Миовски, Јанковски, Порчу (c), Спасовски, Ајетовиќ, Величковски, Алији, Нурединовски, Николовски.
Во игра влегоа уште: Краљевски, Ордевски, Трифуновски, Настевски, Цониќ, Танчев, Динов.