Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од понеделник ќе се врши замена на ваучерите со пластифицирани сезонски картички
Од понеделник ќе се врши замена на ваучерите со пластифицирани сезонски картички

Од понеделник ќе се врши замена на ваучерите со пластифицирани сезонски картички

Сите иматели на сезонски билети за натпреварите на Вардар од понеделник (30 септември 2019) своите ваучери ќе може да ги заменат со пластифицирани картички.
Замената ќе се врши секој работен ден на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” од 10 до 18 часот.

Последен рок за замена на ваучерите е 31 октомври 2019 година.

При замената потребно е да го имате ваучерот со кој се докажува дека поседувате сезонски билет што сте го купиле на билетарницата или он лајн.

Повеќе информации може да се добијат на телфонскиот број 02/2 401 980 или на info@ticketplus.mk

Сезонските биле овозможуваат бесплатно следење на натпреварите на Вардар на натпреварите во групната фаза од Лигата на шампионите, во СЕХА Газпром лигата и во домашното првенство.