Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Куп шампионот Вардар ќе го бојкотира куп натпреварувањето
Куглање: Куп шампионот Вардар ќе го бојкотира куп натпреварувањето

Куглање: Куп шампионот Вардар ќе го бојкотира куп натпреварувањето

Кугларскиот клуб Вардар, моменталниот Куп шампион  своеволно и во знак на протест се одкажува од одбрана и учество во ова натпреварување сезонава. Нашите момци се актуелни шампиони, тие лани до златото дојдоа на убедлив начин против екипата на КК Макпетрол, најбогатиот клуб во овој спорт кој во финалето целосно го надиграа и совладаа со високи 7-1.

Причината за не настапувањето, односно бојкотот е несогласувањето со одлуките на Кугларската федерација на Македонија, поради нивните константни штетни политики кои нанесуваат штета на куглањето како спорт.  Револтот постои од поодамна , вардарци според нашите информации сакале уште на полусезона од лигата да минат во бојкот поради флагрантните кршења на сите спортски кодекси и самоолието од управата на КФМ. Сепак поради спортски причини, но и вложените стрества кои не се мали, а кои ги обезбедуваат сами тие ја продолжија сезоната. Покажаа квалитет и борбеност, спортски карактер, завршувајќи ја успешно сезоната како вице-прваци.

Утре во “Мусандра“ ќе се одржаат квалификациите за Купот, небрањето на титулата од шампионот, е гест на бојкот, шампионот во ова натпреварување свесно се лишува од одбраната со цел да покаже дека повеќе не може да се толерира непринципиелноста на некој структури кои по се изгледа нивниот интерес е пред интересот на овој мал спорт.  Пред утрешниот настан ќе се доделат медалите, вардарци ќе присуствваат и ќе ги примат заслужените сребрени медали од МКЛ.

Поддршка од нашиот сајт до црвено-црниот колектив, кој како и секој клуб ВАРДАР во секој спорт е персонализација на чеснот, принципиелност и борба за правда. Како и другите колективи, (овој месец тоа го направи и фудбалскиот) на штета на своите спортски прилики, а со цел укажување на неправилностите се решија со бојкот да покажат дека најважна работа во спортот се принципите и спортскио фер-плеј.