Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар се загреваше со Еурофарм Работник, за главните предизвици кои следат, втор рутински триумф во супер-лигата
Вардар се загреваше со Еурофарм Работник, за главните предизвици кои следат, втор рутински триумф во супер-лигата

Вардар се загреваше со Еурофарм Работник, за главните предизвици кои следат, втор рутински триумф во супер-лигата

Нашиот ракометен шампион стигна до втората победа во супер-лигата, откако попладнево во спортскиот центар Јане Сандански ја совладаа екипата на Еурофарм Работник со резултат 38:29.

Вардар во текот на целиот натпревар имаше постојана предност и ниту во еден момент не беше загрозена нашата предност. По 20 минути игра стигнавме до двоцифрена предност, откако Борозан погоди за водство од 13:3, по што следеше тајм-аут за тренерот на битолчани. Следеа два последователни голови на Мораес Фереира со кој зголемуваме на 15:4. До крајот на првото полувреме ја задржавме двоцифрената разлика, а последниот гол за Вардар во првото полувреме го постигна Марсениќ, за резултат од 18:8 на полувреме.

Првиот гол во вториот дел го постигна екипата од Битола за да го намали резултатот на 18:9, но веднаш во својот прв напад вратија црвено-црните со погодокот на Даинис Кристопанс, кој го замени Македа на десната бековска позиција. Највисоката предност од 12 голови разлика ја достигнавме по само пет минути игра во второто полувреме, кога со нов гол на Вуко Борозан зголемивме на 22:10. Тренерот Раул Гонзалез го комбинираше составот на теренот и им даваше подеднаква шанса за настап на сите играчи. Со својот втор гол во второто полувреме, Кристопанс му носи предност на Вардар од 24:11, а гостинската екипа не беше во можност да парира на брзата игра на црвено-црните. Како одминуваше мечот се повеќе растеше разликата во наша корист, така беше и во случајот кога со погодоците на Поповски и Кристопанс, зголемивме на високи 27:12. На голот беше и Штербик, кој се загреваше за предизвиците кои следуваат до крајот на сезоната, а тоа се одбраната на четирите трофеи. Во следните пет минути, екипата на Еурофарм го намали резултатот на 29:16, а избраниците на Гонзалез играа со половина од силите и рутински го приведуваа крајот на натпреварот. При резултат 36:22, избраниците на Темелковски направија серија од 1:6 и го намалија резултатот на 37:28. По истекот на 60-те минути конечниот резултатот гласеше 38:29.

Најефикасен кај Вардар беше Поповски со 8 голови, Кристопанс додаде 7, додека Борозан беше стрелец на 6 голови.Одбраната на титулата во првото коло ја започнавме исто така со триумф, на гостувањето кај екипата на Охрид. Сега следи ЕХФ-неделата, во која ракометарите на Вардар ќе имаат настапи со своите репрезентации.