Кугларскиот клуб Вардар има најуспешна сезона од неговото формирање во ваков формат од 2014 година. Црвено-црните момци по две децении го детронизираа неприкосновениот тим на Макетрол.
Вардар ја освои лигата и успеа да го остави зад себе големиот фавориот тимот на „пумпашите“, што е успех сам по себе. Покрај тоа освои „бронза“ во Купот на Република Македонија кој се играше во Битола. Имаме и младински првак, Мартин Митиќ го освои првенството У23 во Битола. Добра вест е што вардаровиот тим успеа ова лето да ги задржи сите играчи од оваа историска сезона за нив. Ростерот е подготвен за нови предизвици, вардарци дефинитивно не го менуваат тимот кој победува.