Saturday ,27 November 2021
Последни:
Home > Uncategorized > PK Вардар врши упис на пионери, момци од ген.2006/07

PK Вардар врши упис на пионери, момци од ген.2006/07

219456308_516480402951252_1916839878358019285_n

За новата сезона екипата на Вардар 1961 ќе формира екипа на момчиња родени 2006/07 година, кои ќе бидат дел од младинските категории на тимот и ќе тренираат заедно со македонската ракометна легенда, Пепи Манасков.

Пријавувањето на заинтересираните ќе трае до 15 август 2021 година. Неколку денови подоцна ќе биде извршена и селекцијата што ќе продолжи да тренира и да биде дел од Вардар1961.

Тренинзите на екипата ќе се одвиваат во СЦ „Јане Сандански”, а термините ќе бидат дополнително одредени.

Сите заинтересирани можат да се пријават и да добијат дополнителни информации на следниот телефон: 071 247 213 или на следниот емаил: contact@rkvardar1961.com