Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ракометниот Супер Куп ќе се игра во С.Ц. Борис Трајковски

Ракометниот Супер Куп ќе се игра во С.Ц. Борис Трајковски

Наместо во Охрид, како што беше првично објавено, ракометниот Супер Куп сега ќе се одигра во С.Ц. Борис Трајковски.

Натпреварот од Супер Купот во кој ќе се сретнат Вардар, како актуелен освојувач на двојната круна и екипата на Еурофарм Пелистер, како финалист во Купот, ќе се одигра на 11.август во Скопје и тоа во С.Ц. Борис Трајковски.

Ова ќе биде четврто издание на ракоментиот Супер Куп во Македонија, во претходните три наврати Вардар го подигнуваше трофејот.