Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките заминаа во Маврово, несфатливо селекторот ги „скрати“ најдоброто крило и голман, Андовска и Ѓорѓиевска

Кадетките заминаа во Маврово, несфатливо селекторот ги „скрати“ најдоброто крило и голман, Андовска и Ѓорѓиевска

218345493_124899143144592_5798192772602452246_n

Денес кадетската женска селекција на Македонија заминува за Маврово каде ќе го одработи вториот дел од подготовките за ЕХФ Шампионатот. Вчера, селекторот Савевски направи кратење на списокот.

Доста неочекувани одлуки донесе во однос на девојките кои треба да не заминат. Од вардаровиот тим ја „скрати“ , крилото Зорица Андовска, девојката која беше најефикасно крило на турнирите во младинската и кадетската лига. Девојка која има огромен напредок, подобрена моторика, висина на скок и брза контра. Покрај тоа на списокот од три голмани ја нема Вероника Ѓорѓиевска, девојка кој секој кој ја гледал знае дека е најдобар кадетски голман во Македонија. Одговорно тврдиме дека доколку беше повикана и во младинската селекција на место на повредената Грујовска ќе беше фактор на одлука. Двете голманки кои бранеa за младинската селекција и не оставија голем впечаток во овој состав, нашата Трајкоска беше далеку подобар и покомплетен голман од нив на тој шампионат.

Несфатливи се за нас кој го следиме женскиот младински ракомет ваквите процеси на т.н.р “негативна селекција“ односно исфрлањето на одличните играчи на сметка на помалку квалитетните опции и селектирањето по принципот „од секаде по некој играч“.

Сепак, селекторот Савевски ни „најави“ уште во младинската селекција дека ќе има вакви конфизни одлуки. Најпрвин иако беше во тимот, Галевска еден неверојатен среден бек кој го носеше Вардар до две сениорски „сребра“ се откажа од неа, поради наводна неподготвеност, девојката која игра цела сезона 55.минути на среден бек без проблем оценил дека не е подготвена, доста чудно. Потоа ја повика Максимовска од кадетскиот состав за младинска селекција, девојката која беше повикана за младинки не ја внесе во составот за кадетки, уште една нова конфузна одлука во низа од одлуките кои ги имаше. Тој исто така не ги повика за младинките девојки кои беа „костур“ на истата селекција претходно на кадетски шампионат во Италија. Девојки кои се докажани и играат како прва опција во сениорските тимови во земјава, како што се Стефанија Ѓорѓиевска (Чаир), Грозданоска Ангела (Спартак), Мими Петковска (Чаир), Михаела Стојановска (Вардар).. ракометарки кои се врвен квалитет. Не сакавме да коментираме и да донесуваме суд за овие негови одлуки бидејќи започна шампионатот и се надевавме на добар резултат, но и на шампионатот повторно чудни  и несфатливи одлуки.

Имаше и други “бисери“ не познавајќи ги правилата на ЕХФ шампионатот направи „кикс“ па го менуваше составот секој дуел во групата и со тоа се доведе во ситуација во мечевите за пласман да не може да ги користи сите играчи. Незнајќи дека не се дозволени промени на составот секое коло, туку само лимитиран број пати, успеа да ја изгуби Дамјаноска Катерина од составот за клучните дуели бидејќи не знаел дека не може да ја врати. Еден пикер како неа, девојка која заедно со Џатевска се убиствен пикерски тандем, ракометар со повик за А-селекцијата потоа не играше на финалните дуели кога беше преку потребана поради не познавањето на правилата од „шефот на клупата“. Остави и една девојка од друг тим без настап бидејќи неможеше да и даде шанса по оваа негова грешка.

Во Маврово отпатуваа денес останатите девојки од вардаровиот состав кои беа повикани, Бојана и Борјана Коцеви, Пешиќ Мила, Јана Равојска, Магдалена Тошевска и Бојана Радевска.