Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар започна без голови, следи турнирот „Вуко Каров“
Вардар започна без голови, следи турнирот „Вуко Каров“

Вардар започна без голови, следи турнирот „Вуко Каров“

Фудбалерите на Вардар попладнево го одиграа првиот пријателски натпревар под водство на Горан Симов. ,,Црвено – црните” одиграа без голови, 0:0 против екипата на Каменица Саса на гостински терен.

Вардар настапи во следниот состав: Илиќ, Стојанов, Стојковски, Јовановски, Илијоски, Давидовски, Керим, Љамчевски, Петров, Петковски и Пановски.

По првите 45.минути немаше голови и на двете страни. За одбележување беа две шанси на ,,црвено – црните” кои за жал не завршија на посакуваното место. Новиот стратег на вардарци направи вообичаени замени во вториот дел, но и тие не вродија со плод, па така остана 0:0 како конечен резултат на денешниот пријателски дуел со Каменица Саса.

На 25 јули ќе следи настап на турнирот „Вуко Каров“ за Вардар, каде ќе учествуваат уште Тиквеш и Победа.