Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Успешна првата контролка на Вардар во подготовките за НБЦ-купот, победен КК ГТЦ
КУГЛАЊЕ! Успешна првата контролка на Вардар во подготовките за НБЦ-купот, победен КК ГТЦ

КУГЛАЊЕ! Успешна првата контролка на Вардар во подготовките за НБЦ-купот, победен КК ГТЦ

Вчера нашиот црвено – црвено кугларски колектив го имаше првиот тест-дуел по почетокот на подготовките кој беше негде на почетокот од минатиот месец. КК Вардар вчера во кугларницата “Мусандра“ се сретна со тимот на КК ГТЦ -Скопје. Ова беше дуел на двата македонски преставници на АБЦ Купот.

Подготовките се фокусирани за воигрување и подигнување на формата пред настапот во Австрија на првиот европски предизвик за црвено- црните “НБЦ-Купот“. Нашите момци успешно го “положија“ својот прв натпреварувачки тест за оваа сезона. Како што велат задоволни се од овој дуел и за нив првиот настап годинава на пријателскиот натпревар поминал повеќе од успешно. Победа е остварена со  соборени 3.423 кегли ,а имаат зад себе шест најдобри резултати од осум. Велат дека дека ќе има и нови контролни натпревари ќе се одиграат во служба на подигнување на формата пред настапот во Австрија закажан за  29-ти септември(вторник) 2015.

Ова се резултатите на нашите момци постигнати во кугларницата “Мусандра“ на вчерашниот пријателски меч со КК ГТЦ :

1.Димитар Димитровски 629
2.Бојан Влаќевски 568
3.Дарко Димовски 567
4.Дане Јакимовски/Влатко Стојановски 557
5.Марјан Згонц 551
6.Младен Донковски 551
7.Миле Димковски 546
8.Дарко Димитровски 542
9.Коста Ристевски 505