Заврши паузата во ПМФЛ , осумте фудбалери на црвено- црните кои беа со репрезентативни задачи во сениорските и младинските селекции на Македонија и Ерменија се повторно со тимот. Следи подготовката за следниот предизвик во ПМФЛ домашниот дуел со ФК Хоризонт Турново.
Повторно играме на нашата Арена Филип втори во недела 13 септември. Мечот е закажан со почеток во 16-00 часот. Ова е дуел од шестото коло во домашната лига во која имаме серија од четири победи по ред и атакуваме на петата. Овој меч е прв од шесте меча во трите натпреварувања :ПМФЛ, Купот на РМ и Супер-купот кој ќе ги играат вардарци во периодот од само дваесетина дена поточно од 13.09 до 4.10. Интересно е што на дуелот на клупата на противникот својот деби дуел како кормилар на турновци ќе го има екс тренерот на ФК Вардар Никола Илиевски-Џиџи кој 2013 година имаше доста неславна епизода во црвено – црниот тим. Добра вест за Седлоски е што од повреда се враќа Ромеро и истиот ќе биде на располагање за овој дуел.