Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Kуглање! Доминација на вардарците со дури 5 места во топ-6 , нашиот Димитровски е играч на колото
Kуглање! Доминација на вардарците со дури 5 места во топ-6 , нашиот Димитровски е играч на колото

Kуглање! Доминација на вардарците со дури 5 места во топ-6 , нашиот Димитровски е играч на колото

Зад нас се мечевите од 9.коло во Македонската кугларска лига кој беа дел од  предпоследното коло од оваа натпреварувачка сезона. Вардар во мечот од 9.коло на домашен терен во кугларницата при спортскиот центар “Борис Трајковски“ го пречека гратскиот ривал екипата на Кк ГТЦ Мусандра. Во овој дуел црвено-црниот кугларски колектив однесе победа со 7:1, 3608:3337 (17,5: 6,5)

Сепак најголем впечаток во оваа победа остава фактот дека по одигрувањето на овој дуел  Вардар  со 3608 “соборени дрва“ постави нов рекорд во 1.МКЛ, откако се игра во формат од 120 кугли.  Оваа доминација донесе признанија на дури пет наши куглари кој најдоа место во топ-6 идеалната постава на колото во кугларската лига. Играч на колото е Димитар Димитровски, кој како лидер го носеше својот тим до нови два бода. Врвот во ова 9.коло го држи кој ако не дуото Влаќевски-Димитровски. Димитар Димировски имаше број еден скор и запиша 655 “соборени дрва“, а пак вториот од дуото Влаќевски впиша 6 помалку односно 649 “соборени дрва“, што беа повеќе од доволни за пласман на првите две позиции за ова 9.коло во мак.куглање.  Третото место на топ-6 листата е единствено место кое не му припаѓа на куглар од црвено-црниот кугларски клуб, станува збор за Тодор Манев од екипата на Кк Гтц Мусандра. Маријан Згонац го зазема четвртото место со 580 “собирени дрва“ и одлична партија забележа во пресред на дербито со шампионот Кк Макпетрол. Младен Донковски и Дане Јакимовски ги заземаа преостанатите две позиции во идеалната постава со 578 и 574 “соборени дрва“.