Руската репрезентативка Олга Черноиваненко од следната сезона нема да го носи дресот на ЖРК Вардар. Черноиваненко од следната сезона ќе настапува за екипата која сеуште нема пораз во главната фаза oд ЛШ, екипата на Ростов Дон од Русија. Ова значи дека по Дембеле и Олга Черноиваненко ќе го засили тимот на Ростов Дон.
Олга Черноиваненко договорила соработка на една сезона со тимот од Русија. Инаку, пред да дојде во Вардар, Черноиваненко настапуваше во домашното руско првенство во тимот на Лада Тољати, каде настапуваше цели 11 сезони. И посакуваме на Черноиваненко оваа сезона да се закити со пехарoт од ЛШ, пред заминувањето од Вардар.