Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Сениорите на ФК Вардар ги совладаа младинците со 6-0
Сениорите на ФК Вардар ги совладаа младинците со 6-0

Сениорите на ФК Вардар ги совладаа младинците со 6-0

Вчера првотимците на ФК Вардар  кои не настапија на последниот првенствен меч на теренот со природна трева во тренинг-кампот во Хиподром ја совладаа младинската екипа со високи 6-0.

Натпреварот сениорите со гол го отворија релативно рано во 12. минута. Филип Ивановски по едно одличното проигрување од  Брдаровски Владица погоди за предност од 1:0. Следниот погодок дојде во 24 минута кога Благоја Љамчевски изведе слободен удар од околу 20 метри  и погоди  прецизно во  горниот лев агол, постигнувајќи погодок за 2:0 што подоцна ќе се покаже како резултат со кој ќе се отиде на одмор.  Повозрасните почнаа фуриозно во вториот дел, Влатко Грозданоски  кој влезе од клупата за резервни играчи постигна два гола  за дуплирање на  предноста, резулатот беше 4:0. Ивановски Филип повторно во гол елемент, во вториот дел стрелаше уште двапати Фичо, за младинците да бидат поразени со високи 6-0. Интересно е што левото крило на младинската екипа Виктор Димков доби можност да одигра по едно полувреме за екипата предводена од Седлоски и 45 минути одигра за тимот предводен од Љубчо Марковски-Калц.

ПРВ ТИМ – МЛАДИНЦИ 6-0

Главен судија: Александар Недевски; Помошници: Влатко Ѓошевски и Ивана Вукадинова

Стрелци: Ивановски 12, 58 и 69, Љамчевски 24, Грозданоски 52 и 53 – Прв Тим

ПРВ ТИМ: Гачевски, Љамчевски, Таневски, Мијушковиќ, Брдаровски, Николов, Велковски, Дашјан, Глишиќ, Асани, Ивановски.

Играа уште: Денковски, Грозданоски, Петковски и Димков.

МЛАДИНЦИ: Трајчевски, Ричков, Тасевски, Исмаил, Личина, Додевски, Кремчевски, Димитровски, Даци, Апостоловски, Димков.

Играа уште: Ѓорѓиовски, Тодоровски, Јошевски, Велковски, Јовановски, Салков и Атанасов.