Вардаровиот женски прв тим веќе се пласира во 1/2-финалето од Купот на земјава, одкако убедливо ја совлада екипата на Овче Поле со резулат 48-14. Помладиот женски тим во сабота ќе го игра својот 1/4-финален натпревар од Купот на Македонија.
Избраничките на Симе Симовски помладите вардарки се фаворити во мечот со Жрк Пелистер од Битола. Истиот почнува во 14:30 часот, и ќе се игра во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“. Битолчанките се претпоследни на првенствената табела, со само две победи од девет натпревари. Девојките на Јуниор се фаворити во овој дуел. Сите победници од четирите 1/4-финални дуели се пласираат на Ф-4 во Купот, кој ќе се одржи во мај.
Куп на Македонија 1/4-финале :
Вардар – Овче Поле 48-14
Вардар јуниор – Пелистер сабота 14:30
Металург – Прилеп
Куманово – Ѓорче