Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров на 23, Горбок на 35 место на најдобри стрелци во ЛШ
Дибиров на 23, Горбок на 35 место на најдобри стрелци во ЛШ

Дибиров на 23, Горбок на 35 место на најдобри стрелци во ЛШ

На едно коло пред крајот на групната фаза од лигата на шампионите, двајца ракометари на Вардар се најдоа во листата на ТОП-50 најдобри стрелци во ЛШ. Руските репрезентативци Тимур Дибиров и Сергеј Горбок се наши најефикасни играчи во најголемото ракометно натпреварување.

Летачкото крило повторно игра одлична сезона во црвено-црниот дрес. Тој се наоѓа на делба на 23 место заедно со Јан Блаз од екипата на Целје Пивоварна Лашко, со вкупно 62 постигнати голови.  Горбок е вистински предводник на бековската линија и еден од нашите најдобри играчи. После повредата на Деревен и заминувањето на Лацковиќ, сиот товар на левата бековска позиција отпадна на Горбок и Ф. Лазаров. Горбок го зазема 35 место со 54 погодоци, заедно со Ласе Сван од тимот на Фленсбург.